Со страшни болки во стомакот, оваа девојка мислела дека има апендицит, но по лекарскиот преглед следувало вистинско изненадување
19-годишната Морган Лант од Колчестер, Англија, ги обожавала лудите забави, при што заедно со нејзиното момче се насладувала на убавиот живот. Но, еден ден токму тој забавен живот добил ново сценарио.
Една вечер, Морган останала да преноќи кај нејзиното момче Том Кери. Во текот на целата ноќ, девојката не успеала да заспие ниту на една секунда, бидејќи имала страшни болки во пределот на стомакот. Морган земала лек против болките, надевајќи се дека истите за кратко ќе исчезнат. Но, нејзината состојба не престанала да се влошува.
Исплашена и очајна, младата Британка веднаш помислила дека станува збор за апендицит, при што заедно со нејзиното момче, веднаш отишле до најблиската болница.
Но, во болницата парот го очекувало сосема друго изненадување. Уште во првите моменти, лекарите им рекле дека мора најпрво да проверат да не станува збор за бременост. Младата девојка им се насмеала и им рекла дека веќе 3 години редовно користи заштита при интимните односи, а воедно немала ниту голем стомак, кој е карактеристичен за трудниците.
Сепак лекарите настојувале да направат тест и за многу кратко време, Морган дознала дека не само што е бремена, туку и дека во секој момент ќе се породи. Веста буквално го шокирала парот.
„Не можев да поверувам дека 9 месеци сум носела бебе во мојот стомак, без притоа да сум свесна за тоа. Бев шокирана, а Том започна да плаче. Размислувавме за деца, но решивме тоа да биде откако ќе наполниме 25 години. Ние се познаваме од нашата 13-годишна возраст, се сакаме и бев среќна што во тој момент, тој беше до мене.“- вели Морган.
10 часа подоцна откако Морган била примена во болницата, на светот дошла нивната ќерка Алаја. Бебето било сосема здраво, а младите родители и покрај шокот, биле навистина неизмерно среќни.
Иако признаваат дека родителството за нив дошло многу побрзо отколку што замислувале, сепак раѓањето на нивната ќерка само уште повеќе им ја зацврстило љубовната врска.
„Кога акушерката ми го даде моето бебе во раце, едноставно во истиот момент се заљубив. Луѓето велат дека мора да сум знаела дека сум бремена, но искрно кажано, немав никаква претстава за тоа“- додава Морган.