Со вакви соседи не ти треба полиција
Луѓето кои беа во близина на инцидентот побрзаа да и помогнат на полицајката која беше нападната од осомничениот.
На интернет се појави видео од полицајка во Сан Франциско САД, која се обидува да уапси бездомник кога ситуацијата доби опасен пресврт. Бездомникот ја нападна полицајката, а тоа ги натера луѓето што поминуваат во близина да интервенираат.
We’ve seen a rise in violent attacks by homeless individuals, including attacks on police officers. We are deeply grateful to these citizens who rushed to our officer’s aide. Our staffing shortage left this officer working alone instead of with a partner. pic.twitter.com/f9RfkU6NCc
— San Francisco POA (@SanFranciscoPOA) May 31, 2021
Службеничката за која знаеме само дека е од азиско потекло не се здобила со потешки повреди, а од полициската станица изјавија дека „се благодарни за совесните соседи кои дојдоа да помогнат“.