Со вегетаријанство до посакуваните мускули
Сите знаеме дека пилешкото месо, мисиркино, рибата и телешкото се одлични извори на протеини, а од таму и совршен начин да изградиме здрави и убави мускули. Но, дали тоа значи дека вегетаријанците се осудени да останат без добро градено тело? Се разбира дека не! Според голем број на студии има уште илјадници начини да се комбинираат потребните протеини и калории, за да стигнеме до посакуваното тело. Протеинот е важен дел од секој режим на исхрана, бидејќи токму тој е причината да бидеме сити.
Ако сте се откажале од месото, еве неколку совети кои ќе ви помогнат да дојдете до посакуваните мускули:
Протеински шејкови се идеален начин да го набавите потребното количество протеини, влакна и макронутриенти.
Оревите се одличен извор на протеини и корисни масти. Можете да јадете од нив во движење или за појадок.
Јајцата се исто така добро решение. Всушност тие содржат во себе исклучително голем процент протеини – околу 7 грама. Можете да ги комбинирате со киноа или други семиња кои ќе ве држат сити за подолго време во текот на денот.
Поделете ја храната на порции, ако сакате убави мускули и за да ги исчистите вишокот на масти.
Здравје! Масовното тренирање може да доведе до грешка, односно да обрнувате внимание само на надворешниот резултат, за сметка на здравјето. За да имате желба и сила за вежбање, важно е да внимавате дали ги внесувате потребните витамини и минерали. Тие ќе ве одржуваат здрави и силни. Се разбира, може да земате дополнително железо, ако не го внесувате потребното количество преку храната која ја консумирате. Ако тренинзите се енергетски и со големо оптоварување, убаво е да земате и калциум, а за квалитетно обновување на мускулите од корист би ви бил и магнезиумот. Без разлика на тоа каков режим или диета држите, прво треба да сте сигурни дека му давате сè што е потребно на вашето тело, и не го малтретирате. Не го оставајте без потребната енергија и хранливи материи за неговото правилно функционирање.