Сода бикарбона – универзален производ во домаќинството
Сода – исклучително универзална состојка која би можела да се користи како средство за чистење, како кулинарски состојка и како природна медицина.
Еве неколку опции за користење на сода бикарбона:
Проблеми со киселините и желудникот
Натриум бикарбонат е моќен антацид, па ако додадете 2 лажици во чаша ладна вода и ја испиете веднаш ќе се ослободите од стомачните киселини и стомачните проблеми.
Ги чисти и смирува нозете
Потопете ги нозете во вода со 3 лажици сода бикарбона. За подобрување на ефектот нежно масирајте. Правете го ова двапати неделно и ќе ги забележите резултатите. Можете да додадете и сода бикарбона во кадата за да го активирате и релаксирате целото тело.
Го запира потењето
Можете да користите мешавина од вода и сода бикарбона за да го запрете прекумерното потење и да ги отстраните непријатните мириси. Сода бикарбона ги одржува пазувите суви и има ист ефект како дезодоранс.
Го подобрува шампонот
Додадете малку сода бикарбона во вообичаениот шампон за подобрување на неговите својства на чистење и за да ја направи вашата коса повеќе сјајна. Ако косата ви е премногу мрсна, натопете го коренот во мешавина од сода и вода и намачкајте ја косата. Потоа исплакнете.
Смирува изгореници
Додадете 1/2 чаша сода бикарбона во када и останете во топлата вода половина час. За да го зголемите ефектот, не користете крпа, оставете телото да се исуши само.
Смирува каснувања од пчели, оси
Сода бикарбона е корисна во случај на каснувања од пчели и оси. За најдобри резултати извадете го осилото и нанесете смеса од вода и сода врз погодената област.