Сомнеж за коронавирус ги фрли Вилијам и Кејт Мидлтон во паника – Парот стравува за нивните деца
Секојдневните нови случаи со коронавирусот се темата за која најмногу пишуваат медиумите овие денови, а сега паниката не ги заобиколи и Вилијам и Кејт Мидлтон.
Кралскиот пар е сериозно загрижен за нивните деца, откако нивното училиште е ставено под карантин. Училиштето во кое учат принцот Џорџ и принцезата Шарлот е под карантин, при што 4 од нивните соученици се изолирани под сомнеж дека се заразени со коронавирусот.
Оваа вест предизвика паника во кралското семејство, кога токму сега во периодот војвотката и принцот Вилијам се подготвуваат да заминат за Ирска, на службено патување. Според изворите, патувањето би можело да биде откажано, поради нивните деца, кои се вистинскиот приоритет.
Кралскиот пар сега засега ја нема коментирано оваа вест, но нивните блиски откриваат дека истите се многу загрижени, како и сите останати родители и се надеваат дека нивните деца не дошле во контакт со заразените соученици.