Сон на секоја жена! Девојка пронашла неочекувани фотографии со нејзиното момче од ноќта кога „препила“
Кога знаете дека вашето момче е вистинсиот? Пилотката од Филипините Шеника Лин Сирлио го пронашла одговорот и тоа ѝ станало јасно по една вечер откако испила „малку повеќе“ на забава на која била заедно со нејзиното момче. Шеника и Албрехт работат како пилоти.
Откако се напила Шеника заспала во автомобилот на нејзиното момче Албрехт Сагарио и тој ја земал во раце и ја однел во нејзиниот кревет, но тој не застанал тука и го извршил „ноќниот ритуал“ на неговата девојка. Тој ѝ ја избришал шминката ѝ нанел навлажнувачи на лицето, креми, па дури ѝ ставил и балсам за кутикули на ноктите.
„Тој ја научил мојата рутина за нега на кожата бидејќи ме гледаше секоја вечер како ја правам. Следниот ден кога се разбудив лицето ми беше свежо и мазно. Кога го земав телефонот ги видов фотографиите. Благодарна сум на работите кои ги прави. Јас сум среќна девојка која има некој кој ќе го прави тоа за неа.“, вели Шеника. Еве како Албрехт се погрижил за својата девојка.