Корина, сопругата на славниот Мајкл Шумахер, ја заинтригира јавноста и вниманието на медиумите, откако на суптилен начин навести за неговата здравствена состојба.

На 29-ти декември се навршуваат 6 години од ужасниот инцидент, при кој Шумахер падна и ја удри својата глава, додека скијаше, за време на негвоиот семеен одмор. По несреќата, легендарниот возач одредено време беше во кома и претрпе неколку операции на мозокот.

Оттогаш, процесот на лекување на светскиот шампион во Формула 1 се држи во целосна тајност и не се објавуваат никакви информации за неговата здравствена состојба, по наредба на семејството.

Во текот на ова лето, 50-годишниот Мајкл повторно беше на лекување во Париз, што беше разоткриено од француските медиуми.

Неодамна, неговата сопруга Корина изјави: „Големите нешта започнуваат со мали чекори. Многу мали парчиња образуваат еден голем мозаик. Заедно сме посилни.“.

Според медиумите и фановите, зборовите на Корина се охрабрувачки и навестуваат дека нејзиниот сопруг е на добар пат целосно да закрепне.