Сосема необична семејна викендичка на хрватскиот остров Вис, која плени со уникатност
Загрепското архитектонско студио Проарх ја креираше оваа модерна семејна куќа, наречена „Иса Мегарон Проект“, а истата е лоцирана на хрватскиот остров Вис.
Задачата која ја добиле архитектите, било да создадат вистинска семејна викендичка, на простор без обработена инфраструктура, истовремено задоволувајќи ги потребите на оние кои би одлучиле да живеат таму.
Целосниот недостаток и тешката пристапност до оваа вила, сами по себе зборуваат за неверојатната урбана и егзотична комбинација за оваа уникатна градба.
Куќата е дизајнирана со сопствен природен систем за ладење и вентилација, систем за апсорбирање на дождовните капки, има вградени соларни панели и комбинирана е со бројни други интригантни начини на користење на природните ресурси.
Вилата е осмислена на еден многу оригинален начин – Поставена е во еден волумен, кој потестува на примитивните градби. Има два спрата, при што на првиот се сместени спалните и дневните соби, а на подземјето е дизајниран просторот за готвење и дружење.
Сите преносни елементи во вилата се изработени од посебен вид на зајакнат бетон. Извонредната викендичка е вистински спој на старото и модерно време.
Погледнете ја во продолжение целата галерија: