Златен рецепт за испукани капилари, проширени вени и стрии – „Не верував, но моите нозе сега се многу помлади!“
Со текот на времето, поради различни фактори, вообичаено и најчесто во долниот дел од телото, поконкретно нозете се појавуваат проширени вени, испукани капилари и стрии.
Денес ви откриваме еденоставен природен рецепт како да се ослободите од овие проблеми и да го подмладите изгледот на вашите нозе.
Домашен мелем против испукани капилари, проширени вени и стрии
Потребни состојки
- 2 глави лук
- 100 гр зејтин
- Сок од 1 лимон
Неопходни садови и прибор
- Стаклена тегла со капак
- Дрвена лажица
Начин на подготовка и употреба
Одделете ги чешнињата лук и излупете ги. Исечете ги на тенки парчиња или изгмечете ги. Исипете ги во теглата и покријте ги со зејтинот и сокот од лимон. Добро измешајте ги состојките со дрвена лажица, до добивање на хомогена смеса.
Затворете ја теглата и поставете ја на ладно и темно место да отстои 48 часа. Потоа земете го неопходното количество на мелем и нанесете врз засегнатите места каде се присутни проширените вени, испуканите капилари и стрии и масирајте 5-8 минути.
Масирајте ги засегнатите места без силно да притискате, со цел да ја зголемите циркулацијата на крвта, а потоа оставете го мелемот да отстои 30 минути. На крај измијте со топла вода и исушете ја кожата.