Совет од еден пчелар: „Доколку ве касне пчела, оса или стршлен- ова ќе ве спаси од болка и отекување“
Со доаѓањето на летото, се отвара сезоната и на убоди од различни инсекти, од кои најголема опасност ни носат убодите од осите и стршлените.
Следниот совет ни доаѓа од еден пчелар, кој методите веќе ги тестирал и добил сигурни резултати за нивната ефикасност. Според советите кои ни ги дава пчеларот, во такви непријатни ситуации можете да си помогнете на многу едноставен, брз и лесен начин, а сè што ви е потребно е 1 таблета аспирин.
Постапката е подеднакво лесна: Навлажнете го аспиринот и поставете го на местото на убодот. Задржете така 1 минута, а потоа отстранете ја таблетата. На овој начин ќе ја спречите болката и ширењето на убодот, а со тоа успешно ќе ја спречите и појавата на оток.
Убодот брзо ќе помине, а на вашата кожа нема да останат никакви траги од истиот.