Совети за идеални домаќинки
За разлика од бабите и мајките, денес се помалку жени можат да се закитат со титулата “примерна домаќинка”. Еве неколку од нивните непроценливи совети, за да си го олесните вашиот живот.
За да го отстраните непријатниот мирис од кожата на рацете после сечење кромид или лук, едноставно протријте ги со лажица од не’рѓосувачки челик – тоа ќе го апсорбира мирисот. Меленото кафе има сличен ефект. Друг начин е пред да сечете кромид или лук, да ги истриете рацете со растително масло: тоа ќе спречи мирисот да навлезе во кожата.
Ако ја пресолите супата, ставете внатре цел компир – тој ќе ја собете солта.
За да ги исчистите садовите од леано железо, не е потребно да користите детергенти. Доволно е само да ги протриете со сол и потоа да избришете со сува хартиена салфетка.
За да го исчистите бигорот, измешајте жешка вода и оцет во сооднос 1: 1, истријте ја површината со оваа смеса, потоа избришете со влажна крпа.
Ако ви загори оризот, ставете врз него парче бел леб, за 5 – 10 минути – лебот ќе го елиминира вкусот на изгорено.
Ако се сомневате дали јајцата се свежи, ставете во сад околу 10 см вода и ставете ги јајцата внатре – свежите треба да останат на дното.
За да се ослободите од мравките, најдете ја дупката од која излегуваат, и ставете околу неа вазелин или некој лигав крем. Ако минуваат под вратата, повлечете таму една линија со креда – тие нема да можат да ја преминат.
Кога приготвувате пуканки, натопете ги пченкарните зрна во вода околу 10 минути, а потоа исушете ги – така пуканките ќе испукаат побрзо и ќе бидат помеки.
Не ги чувајте бананите заедно со другите овошја – тие лачат гас, кој е причина за брзото расипување.
За да не изртат компирите, ставете меѓу нив јаболко.
Остатоците од вино може да го замрзнете во садот за мраз и потоа да додавате во супи или сосови.
Изладената вода, што ви останала по варењето на компири или тестенини, може да ја користите за наводнување на растенијата – хранливите материи кои останале во неа, имаат одлично дејство. За оваа цел може да се користи и водата од аквариумот, која е богата со азот и фосфор.
Користете мешавина од сода бикарбона и оцет, за да го исчистите мијалникот, шпоретот и тоалетот.
Ако се изгорите, намачкајте местото со сенф и оставете некое време – тоа ќе ја намали болката и ќе ја спречи појавата на плускавци.
За да ги отстраните дамките од алуминиумските тави, сварете внатре малку вода со едно исечкано јаболко. Како бонус ќе добиете пријатен мирис во целата кујна.
За да ги отстраните дамките од рацете од овошје и зеленчук, избришете се со суров компир. Оцетот, исто така помага.
Кога лебот ќе почне да се стврднува, ставете кај него парче целер – така повторно ќе стане мек и вкусен.
Ако супата, јадењето или сосот станат премногу мрсни, ставете во садот коцка мраз – тоа ќе ја привлече околу себе маста и ќе ви овозможи да ја соберете и отстраните од јадењето.
За да ја користите повторно растителната маст, ставете внатре тенко парченце ѓумбир – тоа ќе го неутрализира претходниот мирис.
Ако во кожата ви влегло трнче, потопете го прстот во чаша со млеко во која сте ставиле парченце леб – оваа смеса ќе го “повлече” трнчето.
При модринка ставете памук натопен со оцет – освен што ќе ја ублажи болката, тоа ќе ја спречи појавата на модринки.