Многу жени не сакаат да користат хормонска супституциона терапија пред и за време на менопаузата. Тие можат да си помогнат на други, целосно природни начини.

Без екстра килограми

Топлите бранови се намалуваат за 63% кај жените кои ослабнале до 9 килограми, тврдат британските истражувачи. Но ако започнувате диета не заборавајте на протеините, тие најчесто се наоѓаат во рибата и месото.

Повеќе омега-3 во исхраната

Омега-3 маснотиите со морско потекло помагаат при симптоми на менопауза – главно против топли бранови, но исто така и против блага депресија. Оптималната доза е 1,5 грама дневно, што значи 100 грама мрсна риба (скуша, сардина, лосос) еднаш или двапати неделно.

Помалку стимуланси

Кафето, алкохолот и тутунот се во корист на топлотните бранови. Ограничете се со 2 шолји кафе дневно. Ако пушите повеќе од 10 цигари дневно, кон топлите бранови се додава и ноќно потење. Добро е да се знае дека пушењето го забрзува почетокот на менопаузата.

Движење

Во текот на 24 часа што треба да следи 30-минутна физичка активност, симптомите како што се топли бранови и потење значително се намалуваат. Секој ден одете пеш и 2-3 пати неделно вежбајте ја дисциплина која ви се допаѓа.

Јога

Според американската студија, практикувањето јога час и половина секоја недела, овозможува намалување од 66% во топлите бранови. Вежбите за дишење, таи чи и медитација им помагаат на жените полесно да поминат низ овој период.

Фитотерапија за отоци

Во форма на капсули, капки или сирупи, билки може значително да ги ублажат симптомите на менопаузата. Против отоците помагаат чемпрес, царичето и Аврамов дрво. Последното е контраиндицирано после рак на дојка.

Влакна против запек

Секој ден ни се потребни влакна кои го олеснуваат уринарниот систем. Конзумирајте најмалку 1 овошје, 150грама варен зеленчук, 200-300 грама цели зрна или мешунки секој ден, со диверзификација на производите.