Совршени за секоја пригода: 2 уникатни и лесни рецепта со компири и месо, кои практичните луѓе ги обожаваат
Месото и компирите се безвременска класична комбинација со која никогаш нема да погрешите, со оглед на тоа што е омилена на речиси секој од нас.
За таа цел, за денес ви подготвивме 2 уникатни рецепта, кои се малку различни од вообичаените познати јадења, а кои ја прават оваа традиционална комбинација уште поневеројатно вкусна!
1. Ѓувеч од компири и месо
Потребни состојки
- 400 гр сомелено свинско месо
- 1 кг компири
- 3 јајца
- 1 кромид
- 300 мл кисело млеко или кисела павлака
- Магдонос
- Сол и мелен црн пипер
Начин на подготовка
Излупете и исечете ги компирите на тенки кругови, а потоа додадете сол и мелен црн пипер. Измешајте го месото со кромидот, а потоа додадете ги и останатите зачини. Поставете половина од компирите во сад за печење, потоа додадете го и месото, а одозгора наредете ги преостанатите компири. Измешајте ги јајцата со киселото млеко и додадете го магдоносот и зачините. Полејте го ѓувечот со добиената смеса и поставете го садот во претходно загреана рерна на 180°C и печете 90 минути.
2. Царски печен специјалитет
Потребни состојки
- 1 кг компири
- 400 гр пилешко месо
- 2 глави кромид
- 3 супени лажици сончогледово масло
- 200 гр кашкавал
- Сол и мелен црн пипер
- Малку мајонез
Начин на подготовка
Пилешкото месо се обработува со специјален кулинарски чук, а потоа се одозгоре се посолува со сол и мелен црн пипер.
Исечете го кромидот на тенки прстени, а компирите излупете ги и исечете ги на мали парчиња.
Премачкајте го садот или тавата со маслото за готвење и на дното поставете половина од компирите. Посолете ги малку, а потоа одзгора поставете го месото и кромидот, а на крај врз специјалитетот нанесете го ренданиот кашкавал. Премачкајте го садот со малку мајонез и печете на температура од 200°C, во времетраење од 1 час.