Совршениот домашен чипс – Готов за 3 минути, без капка масло! Крцкав, диетален и можете да уживате во него до бескрај!
Доколку обожавате компири, особено чипс, но сепак внимавате на вашата фигура, тогаш следниот златен рецепт е совршениот за вас! Станува збор за диетален чипс кој се приготвува многу лесно, со многу малку сол, а без капка масло!
Домашен чипс

Servings: 4
Ingredients
- 2-3 средно големи компири
- Колку сакате сол
- По желба зачини
Instructions
- Измијте и излупете ги компирите. Исечете ги на кругови или тенки парчиња, колку што е возможно потенки. За оваа цел може да употребите лупилка или ренде. Важно е да се со еднаква дебелина за да се приготват во исто време.
- Поставете еден ред од компирите врз хартија за печење. По желба врз истите може да нанесете сол и зачини. Вклучете ја микробрановата печка на 700W и поставете ги компирите внатре да се печат 3-5 минути. Времетраењето зависи од јачината на вашиот уред.
- Веднаш штом ќе забележите дека површината на компирите станува лесно златна, исклучете ја микробрановата и извадете го чипсот и поставете го врз хартија или салфетка. Така парчињата компир ќе станат крцкави.