Специјалисти откриваат како мириса нашето тело, доколку имаме сокриена подмолна болест
Кога нашето тело испушта непријатен мирис, тоа според лекарите, може да биде сигнал дека нашето тело се соочува со сериозно заболување.
Во продолжение ви откриваме за различните видови непријатни телесни мириси, како и кое е нивното значење.
1. Лош здив наутро
Факт е дека повеќето луѓе наутро веќе се навикнати да не се будат со најсвежиот здив наутро.
И покрај тоа, доколку редовно практкувате совршена орална хигиена, а сепак се соочувате со лош здив, истиот може да биде индикатор за апнеа. Лекарите препорачуваат воопшто да не се занемарува оваа здравствена состојба, бидејќи во спротивно би ги зголемиле шансите за мозочен или срцев удар.
2. Мирис при стапалата
Габичките и бактериите на кожата и прстите на нозете може да бидат главниот виновник за непријатен мирис на стапалата. Ова веќе им е јасно на повеќето, а воедно е и потврдено од истакнатиот дерматолог Камерон Рошар, од Њујорк. Според него, од голема важност е оваа здравствена состојба да се третира навремено, за да се спречи нејзиното проширување по нашето цело тело.
3. Урина и измет
Наглото влошување на мирисот на урината или изметот може да биде сигнал за сериозно заболување, а причините може да бидат најразлични. Односно, може да биде причина нарушување на дигестивната функција или да сигнализираат за онколошко заболување.
Што се однесува до урината, секоја нејзината промена од аспект на мирисот, може да сигнализира за инфекција, камен на бубрезите, дијабетес, па дури и рак.
Затоа од голема важност е да ја следите секоја промена на вашето тело и да обратите внимание на тоа какви сигнали ви испраќа истото, за да можете навремено да реагирате.