Според експерт за говор на телото: Како да оставите совршен прв впечаток за само 2 секунди
Истакнтатиот експерт за говор на телото, Индија Форд открива и споделува неколку совети како да оставите совршен прв впечаток и тоа за само 2 секунди.
Токму толку време е потребно за некој да оформи прв впечаток и мислење за вас. Тоа значи дека имате исто толку време, само 2 секунди да се претставите на вистинскиот начин, што е особено клучно ако станува збор за запознавање при интерјву за работна позиција или прв романтичен состанок.
Всушност, истражувањата покажуваат дека само 7% од комуникацијата се должи на зборовите што ги изрекуваме, а остантите 93% му припаѓаат на говорот на телото.
Затоа, повеќе од 20% од луѓето формираат мислење за некого уште пред тој да каже нешто.
Што да направиме за совршен прв впечаток?
Според Индија, ракувањето е исклучителен важен дел од професионалната етика, па затоа задолжително треба да го направиме на вистинскиот начин.
„Нашето ниво на самодоверба се открива преку начинот на кој се ракуваме. Затоа, слабо и нежно ракување ќе ве направи да изгледате ранливо и пасивно, додека пак цврстото ракување веднаш ќе ја зголеми вашата самодоверба, а со тоа ќе оставите и совршен прв впечаток“- вели Индија.
Потоа, следуваат и додатните елементи, бидејќи мора да го подготвите теренот додека да стасате до фазата на ракувањето:
„Додека чекорите кон личноста, воспоставете јасен контакт со очите, насмевнете се и исправете ја раката цврсто за едно подеднакво самоуверено ракување. Притисокот врз туѓата рака треба да биде на иста бранова должина, ниту благ, ниту претежок“- објаснува експертот.
Во однос на оставањето на совршен прв впечаток на социјалните настани и забавите, советот е ист: Бидете самоуверени, па и во ситуации кога не сте.
„Исправеното и правилно држење на телото е клучно за стекнување впечаток дека таа личност има огромна самодоверба. Опуштете ги рамената, но замислете дека носите невидлива круна. Така вашето движење на телото ќе биде многу пограциозно и попрефинето“- за крај додава Индија.
Воедно не заборавајте на насмевката. Насмеаните луѓе се сметаат за позитивни, енергични, интересни, среќни- Со еден збор, тие се попривлечни, за разлика од оние кои не се смеат.