Според месечниот циклус може да се утврди колку долго ќе живеете
Жените кои подоцна добиваат менструација имаат помалку здравствени проблеми, како на пример коронарни болести на срцето, а со тоа и подолг животен век. Покрај тоа, жените кои подоцна влегуваат во менопауза имаат одлично здравје.
Од досегашните истражувања е јасно дека здравите навики и здравата менструација значат долг и здрав живот. Можеби вашиот биолошки часовник подранил, па сте биле меѓу првите ученички која добила месечен циклус, но тоа не значи дека ќе живеете пократко. Напротив, водете здрав живот, внимавајте на исхраната и на вашите навики, тоа ќе ви помогне да доживеете длабока старост.