Спорт против апатија
Се чувствувате потиснати, уморни, без желба за што и да било. Според американски експерти немате потреба од психолог, туку од спорт.
Тим од универзитетот во Џорџија докажува дека спортот е најдобро решение против апатија, депресија, па дури и исцрпеност. Научниците спроведоа испитување со луѓе кои страдаат од апатија и вечна преумореност, но наместо да им даваат антидепресиви или стимулирачки агенси, единственото нешто што промениле, било да ги поттикнуваат да вежбаат по 20 минути три пати неделно.
Резултатите се повеќе од охрабрувачки – по 6 недели кај 80% од учесниците е забележано значително подобрување на виталноста, намалување на чувството на депресија и недостаток на било какви знаци на замор во текот на денот.
Сезонски депресии
Уште во 1987 година Американската психијатриска асоцијација официјално ја признава болеста “сезонски афективно растројство”. Д-р Норман Розентал истакнува дека во просек 15% од луѓето страдаат од овој проблем, кој кај повеќето се манифестира како депресија во мрачните месеци или исцрпеност напролет, но кај други се јавуваат манифестации на исцрпеност и замор во текот на летото, процентот на луѓето кои страдаат од ова, варира помеѓу 1,4 до 9,7% во зависност од климатскиот појас – повеќе погодени се оние кои живеат во топли и сончеви полиња.
Симптомите се депресија, неподготвеност за социјални контакти, изолација, апатија, намалена ментална концентрација, раздразливост, недостаток на сексуална желба. Многу специјалисти веднаш препишуваат антидепресиви за лекување на овие т.н. сезонски депресии, но научниците од универзитетот во Џорџија препорачуваат да се обидете да го решите проблемот со физичка активност.
Хормони
Лекарите потсетуваат дека при спорт во нашето тело се испуштаат ендорфини и серотонин, кои може да доведат до подобрување како на физичко, така и на психичко ниво. Научниците советуваат уште при првите симптоми на депресија човек да го промени режимот и да воведе или да додаде по 20 минути спорт на ден. Специјалистите сепак нагласуваат дека кога станува збор за апатија, лесната физичка активност секогаш е најпосакувана. Со силно оптоварување побрзо се слабее или се оформуваат мускули, но прекумерната исцрпеност може да го зајакне чувство на замор и депресија. Затоа наместо екстремни тренинзи изберете прошетки, пливање, јога, пилатес.