Спречете го опаѓањето на косата на природен начин
Најчесто до опаѓање на косата доаѓа поради неправилна исхрана. Просечен раст на коса за еден месец изнесува 1,2 центиметри. Доколку имате недостаток на витамин Б6 најверојатно имате и проблем со опаѓање на косата. А ќелавоста е застапена кај луѓето кои имаат недостаток на фолна киселина. Исто така загриженоста, стресот како и наследниот фактор можат да бидат причина за оваа болест. Еве неколку начини на кои можете да го спречите опаѓањето на косата.
Млеко од кокос
Ставете млеко од кокос на вашиот скалп и нежно масирајте. Тоа се приготвува со истиснување/цедење на брашно од кокос. Млекото од кокос ја потхранува косата и го стимулира растот на влакното.
Луцерка
Дневен третман со сок од луцерка измешан со иста количина на сок од морков и марула дефинитивно е корисна комбинација за вашиот скалп.
Лук
Со лукот ќе можете да ја излечите ќелавоста, се што е потребно е истолчите лук и да го размачкате на местото каде што ви недостасува коса, наутро и навечер се додека е црвено, а потоа местото се трие со мед.
Триење на скалпот
Еден од наједноставните начини за превенција на опаѓање на косата е трење на скалпот откако сте ја измиле косата со ладна вода. Тријте го скалпот се додека не се покачи неговата температура. со ова се зајакнува крвната циркулација и косата расте побргу.
Марула
Направете смеса од марула и спанаќ и веднаш ќе забележите како вашата коса ќе добие нов сјај и ќе расте побргу. Употребувајте по половина литар од оваа смеса на ден.