Средство од 2 состојки со кое масните дамки сами паѓаат од кујнските елементи, без да се оштети нивната површина
Секој од нас барем еднаш се прашувал како ефикасно и брзо да ја отстрани наталожената, со години, нечистотија пропратена со тврдокорни масни дамки од кујнските елементи, без притоа да го оштети нивниот материјал.
Факт е дека како резултат на дологогодишното готвење и употребување на кујната, оваа наша омилена активност, всушност има непријатно својство да ги разнесува низ цела кујна разните мириси и масни дамки, кои подоцна се впиваат во површината на кујнските елементи, а ние со голо око да не можеме веднаш истите да ги забележиме.
А кога сета таа нечистотија ќе се наталожи со текот на годините, нашата сакана кујна добива многу непријатен изглед.
За таа цел, денес ви откриваме рецепт за домашно средство, со чија помош ќе успеете да го решите овој непријатен проблем на брз и ефикасен начин.
Средство за ефикасно прочистување на кујнските елементи
Потребни состојки
- Сода бикарбона
- Сончогледово масло
Начин на подготовка
Едноставно измешајте ги овие две состојки во еднаков сооднос. Во добиената смеса додадете и малку вода, за да истата се преобрази во форма на паста.
Начин на употреба
Нанесете ја домашната паста внимателно на површината и на вратите од кујнските елементи. За нејзиното нанесување може да употребите стара четка за заби или мека крпа.
Не е неопходно смесата да ја триете врз површината, за да не ја оштетите бојата на елементот. Оставете да отстои така 10 минути и потоа измијте ја смесата од површината користејќи влажна крпа. Доколку на некое место има повеќе масни наталожувања, тогаш неколку пати повторете го третманот со средството
Разликата ќе биде веднаш видлива, а дури и самата боја на кујнскиот елемент ќе изгледа освежено, како нова.