Ставете крај на непријатниот мирис на одводот и тоа само со 2 природни состојки, без хемикалии
Чистењето на одводот на мијалникот, благодарение на купечките производи стана едноставен процес- Само ги нанесуваме и готово. Но, многумина не знаат дека силните хемикалии во производите може лесно да ги оштетат цевките.
Најчесто, ваквите средства за чистење ги употребуваме кога сакаме да се ослободиме од лошиот мирис, бидејќи навистина е непријатно да се влезе во кујната и да се почувствува истиот. Но, не брзајте со нанесување на хемикалии.
Денес ви откриваме еден чудесен и неверојатно лесен трик, кој е совршена алтернатива на средствата за чистење, а ќе ви бидат потребни само 2 природни состојки.
Чистење на мијалникот на природен начин
Потребни состојки
- 1 супена лажица сок од лимон
- 1 супена лажица сода бикарбона
Начин на употреба
Затоплете го сокот од лимон во микробранова, што ќе ви одземе 30 секунди. А потоа исипете ја и содата во истиот.
Откако ќе настапи реакцијата, добро измешајте ги состојките. Добиената смеса исипете ја во одводот на мијалникот и почекајте 10 минути. Потоа исплакнете со врела вода.
Практикувајте го овој начин на природно чистење еднаш месечно, за да спречите поголемо затнување и ефикасно да се ослободите од непријатниот мирис.