Стјуардеса споделува 10 лесни трикови како практично да спакувате багаж и да сместите повеќе работи
Малкумина уживаат во подготвувањето на багажот за одмор, особено бидејќи треба да спакувате малку работи за подолго време, што може да биде доста фрустрирачки. Но, тоа може да биде и лесно со следните трикови.
Стјуардеса ни открива како да се спакуваме лесно и како да собереме повеќе работи во багажот!
1. Можете да сместите многу работи во вашите обувки
2. Здиплете ги алиштата во еден голем сноп
3. Блузите и долната облека можат да бидат завиткани и сместени во чорапи
4. Одржете ја формата на крагната на кошулите со помош на свиткан ремен
5. Ставете пластична фолија меѓу шишето и капачето и затворете така, со цел да го спречите истекувањето на течноста
6. Ставете го вашиот накит во пластична кутија за лекови и веќе не мора да се грижите дали истиот ќе се оштети
7. Ланчињата може да се чуваат во сламки. На овој начин ќе го спречите нивното заплеткување
8. Направете мали варијанти на козметичките производи. Прво, изгорете еден крај од сламката, потоа додадете шамон или паста, па стопете го и другиот крај, за да се затвори цевчето
9. Заштедете простор, така што ќе ги свиткате фармерките
10. Пакувајте ги алиштата обратно, од внатре кон надвор. На овој начин ќе се спречи нивното валкање или добивање дамки во текот на патувањето