Што ќе се случи со вашето тело ако целосно престанете да јадете овошје и зеленчук
Депресија, лош мирис на телото, оштетен вид – ова се само неколкуте работи што може да му се случат на нашиот ум и тело ако престанеме да јадеме овошје и зеленчук. Постојат многу состојки во истите што не можат да се најдат во која било друга храна.
Токму затоа, ако овие хранливи вредности ги исфрлиме од исхраната може да се соочиме со разни проблеми со нашето здравје. Еве што точно може да се случи со вашето тело доколку целосно престанете да јадете овошје и зеленчук:
1. Може да се влоши вашиот ноќен вид
Ако вашиот ноќен вид стане полош, тоа може да резултира со поголем ризик од паѓање во додека чекорите во мрак, а исто така ноќниот вид е клучен за безбедно возење навечер. За да ги видиме предметите во мрак, на нашите очи им е потребен витамин А, кој може да се најде во 2 форми: ретинол и бета-каротен. Ретинол може да се најде во црн дроб од треска, рибино масло и јајца, но тој е многу токсичен ако се консумира во преголеми количини. Додека пак, со консумирањњто зеленчук и овошје, невозможно е да се предозирате со бета-каротин.
2.Може да се влоши вашиот телесен мирис
Постојат неколку фактори кои придонесуваат за мирисот што го испуштаме од нашите тела. Исто како и бојата на очите и косата, генетиката го одредува природниот мирис што доаѓа од нашето телесно масло и потните жлезди. Покрај тоа, храната што ја јадеме влијае многу на мирисот на нашето тело. Истражување откри дека луѓето кои јадат зеленчук и овошје имаат попријатен мирис на телото, дури и ако некое време не користеле сапун или дезодоранс.
3. Не консумирањето зеленчук и овошје може да предизвика депресија
Нашите црева и мозок се многу тесно поврзани, тврдат научниците. Урамнотежената исхрана не само што може да влијае на обликот на нашето тело, туку е неопходна за нашето ментално здравје. Кога одбиваме да јадеме зеленчук и овошје, може да имаме поголем ризик од депресија, според бројни истражувања. Вообичаено се верува дека депресивноста нè тера да јадеме нездрава храна, но нездравата исхрана не е резултат на депресија.
4. Може да се зголеми вашиот крвен притисок
Според истражувањето, луѓето кои малку консумираат овошје и зеленчук, имаат поголем ризик за висок крвен притисок во споредба со оние кои ги консумираат како главен дел од нивната секојдневна исхрана. Лекарите силно препорачуваат на оние кои имаат висок притисок да се држат до диета која содржи многу овошје и зеленчук.
5. Може да развиете дигестивни проблеми
Зеленчукот и овошјето се познати по тоа што се вреден извор на нерастворливи влакна, кои не се раствораат во вода и кога станува збор за дебелото црево, тие создаваат ефект на зголемување што помага столицата да се процесира полесно. Консумирање на мала количина на растителни влакна се смета за една од главните причини зошто луѓето имаат опстипација. Нутриционистите ја започнуваат својата листа на препораки за луѓе кои имаат слаба столица, со препорака да започнат да јадат зеленчук и овошје.
6. Може да добиете тромби во вашите вени
Грозјето, зелениот лиснат зеленчук и лукот се неопходни за одржување на нашата крв доволно тенка за да не се формираат опасни тромби. Покрај тоа, витаминот Ц, кој се наоѓа во овошјето, помага значително да се намали ризикот од задебелување и згрутчување на крвта и затоа е од витално значење за нашата крв и срце.
7. Може да имате нерамномерен тон на кожата и темни кругови
Темните кругови под нашите очи можат да бидат предизвикани од многу фактори, меѓу нив се и намалениот проток на крв, што може да доведе до боја на кожата слична на модринки. Витаминот К, кој се наоѓа во брокулата, спанаќот, зелката и зелената салата, му помага на нашето срце слободно да испумпува крв низ телото и да спречува појава намодринки. Дефицитот на овој витамин може да доведе до нерамномерен тен, оштетување и сино-стара нијанса на кожата.
8. Може ќе започнете многу почесто да го посетувате вашиот забар
Јадењето јаболко или друго овошје и зеленчук богато со хранливи влакна, ги чисти нашите заби на природен начин, како четка, и ја зголемува плунката. Кога нашата уста е правилно навлажнета, штетните киселини и бактериите се елиминираат. Овошјето и зеленчукот исто така содржат витамини А и Ц, како и калциум, што ги прави нашите заби посилни и ги спречува да паѓаат.