Што се случува со вашето тело кога постојано го притискате копчето за одложување на алармот
Поминуваме 3,5 месеци од животот притискајќи го копчето за одложување на алармот. Ако го правите тоа само понекогаш нема да влијае на вас, но редовното одложување на алармот може да направи многу повеќе штета отколку добро. Излезе дека повторното заспивање откако ќе се вклучи алармот може да влијае на вашата тежина, на вашата кожа, па дури и на вашето репродуктивно здравје.
И ние се бориме со алармот рано наутро, но сериозно размислуваме да ја смениме оваа навика откако го направиме ова истражување. И подготвивме бонус за вас на крајот од статијата за да ви помогнеме полесно да ја прекинете зависноста од одложување на алармот.
1. Може да ви го наруши циклусот на спиење.
Околу 2 часа пред да се разбудите, вашето тело почнува да се подготвува за почеток на денот. Температурата се зголемува, а телото ослободува хемикалии кои се одговорни за да се чувствувате будни. Кога станувате откако ќе го слушнете првиот аларм, вашето тело е подготвено за процесот на будење. Но, ако го притиснете копчето за одложување на алармот и повторно заспиете, голема е веројатноста дека ќе се чувствувате поспано и грозно откако вистински ќе се разбудите.
2. Можеби ќе се чувствувате поуморно во текот на денот.
Можеби мислите дека притискањето за одложување ќе ви овозможи да поспиете подолго и да се чувствувате понергично во текот на денот, но во реалноста, тоа функционира обратно. Всушност, анкета спроведена на речиси 20.000 луѓе покажа дека оние кои го пролонгираат будењето имаат поголема веројатност да се чувствуваат уморно во текот на денот. И иако дремката откако ќе го притиснете копчето за одложување од време на време нема сериозно да влијае на вас, редовно практикување на оваа навика може да доведе до недостаток на сон на долг рок.
3. Тоа е лошо за здравјето на цревата.
Одложувањето на алармот го збунува внатрешниот часовник на вашето тело и влијае на квалитетот на вашиот сон. Кога вашето тело не е сигурно кога е време да заспиете и да се разбудите, најверојатно ќе ја поминете ноќта вртејќи се во кревет и ќе спиете помалку отколку што ви е потребно. Како резултат, тоа може да влијае на целокупното здравје, што доведува до метаболички нарушувања и предизвикува зголемување на телесната тежина.
4. Вашата кожа може да стане почувствителна.
Дури и ако добро се грижите за вашата кожа, постојаното лишување од сон може да ги саботира вашите напори и да предизвика појава на акни. Кога не спиете доволно, се зголемува нивото на хормонот на стрес во вашето тело.
5. Може да влијае на вашиот имунолошки систем.
Ова се случува затоа што постојаниот недостаток на сон ги ослабува одбранбените механизми на вашето тело и вашиот имунолошки систем не може да ве заштити од вируси толку ефикасно колку што треба.
6. Може да ви го поремети менструалниот циклус.
Лошиот сон влијаее на вашите репродуктивни хормони, кои се одговорни за менструацијата и овулацијата. Прескокнувањето на спиењето на крајот ќе создаде поголем стрес во вашето тело, што пак може да предизвика нередовни менструации.
Бонус: Како да ја прекинете навиката за притискање на копчето одложување на алармот
Ако сметате дека редовно притискате на копчето за одложување, размислете за некои промени во животот што можат да ви помогнат да ја замените оваа практика со поздрави навики.
Активирајте се. Луѓето кои се физички поактивни се со помала веројатност да го користат копчето за одложување. Направете навика да пешачите барем половина час дневно и да видите како тоа влијае на вашата навика за дремење.
Ставете го алармот на другата страна од спалната соба. Овој трик може да ви помогне да одолеете на желбата за одложување.
Вклучете го светлото. Потешко е да се разбудите кога е темно.
Инвестирајте во часовник што нема опција за одложување на алармот. Не станува поедноставно од ова: ако вашиот аларм нема копче за одлагање, нема да бидете во искушение да се вратите на спиење. Одлучете се за часовник дизајниран да ве буди полека без опција за одложување.