Тим истражувачи во Франција, Велика Британија и САД проучувале колку вонземска прашина собира Земјата додека го поминува својот годишен пат околу Сонцето.

Вонземските честички, познати и како микрометеорити или „вонземска прашина“, обично се со големина на неколку молекули или 0,1 мм.

Во текот на последните две децении, научниците собираа вонземски честички од три снежни јами ископани на Антарктикот.

Извештајот, насловен како „Микрометеоритниот флукс Ц (Антарктик), за следење на таложење на вонземска прашина на Земјата“, објавен во Earth and Planetary Science Letters, на 15 Април, откри дека овие честички додаваат 5200 тони тежина на Земјата секоја година.

Научниците велат дека специфичната локација на која се собрани микрометеоритите нуди единствени услови за нивно зачувување затоа што наоколу нема вода, луѓе, животни или растенија кои би ги контаминирале.

„За да се спречи потенцијална контаминација поради активности на станицата, примероците од снег беа извлечени од дупки со длабочина поголема од 2 метри“, велат научниците.