Сунѓерите ја одржуваат свежината на зеленчуците и уште 12 животни трикови кои навидум изгледаат луди, сè додека не ги пробате
Во денешно време, Интернетот е буквално луд и исполнет со милиони трикови, кои совршено им одговараат на сите, бидејќи им овозможуваат да заштедат пари и време.
Така, постојат класични трикови кои сите ги знааат, но постојат и трикови кои навидум изгледаат луди, сè додека не ги пробате:
1. Животен трик со кој полесно ќе го контролирате трошењето на средството за миење садови
Доколку ви снемало од течниот сјај, а немате време да отидете до продавница, едноставно вметнете од цврстиот сапун внатре во сунѓерот. Изрендајте го сапунот, направете дупче во сунѓерот, вметнете ја внатре ренданата смеса и сунѓерот ќе биде готов за користење.
2. Мицеларната вода го избелува ѓонот на патиките
Потопете малку памук во мицеларната вода и нанесете на делот од ѓонот кој што сакате да го исчистите.
3. Избелете и дезинфицирајте ги даските за сечење во кујната
Пред
Потоа
Измешајте 3-4 супени лажици сода бикарбона, 1 лажица средство за миење садови и 1-2 лажици хидроген пероксид. Добиената паста нанесете ја врз површината од даската и оставете да отстои неколку часа.
4. Пастата за заби совршено може да ги замени специјалните таблети наменети за тоалетната школка
Доколку не сакате да трошите пари на специјалните таблети наменети за тоалетните школки, тогаш употребете паста за заби. Доволно ви е само 1 пакување, а истото ќе трае и до 3 месеци, а вашата школка секогаш ќе мириса свежо и чисто.
5. Спреј кој ги пегла алиштата подеднакво добро како една пегла
Измешајте 1 лажица регенератор за коса, 1 лажица оцет и 2 чаши вода. Напрскајте ја добиената смеса на вашата облека, испеглајте ги алиштата со вашите раце, а потоа почекајте да се исушат.
6. Песокот за мачки ефикасно ги отстранува сите непријатни мириси
Нанесете малку од специјалниот песок за мачки во кантата за отпадоци, за да го отстраните непријатниот мирис од истата. Исто така, од песокот може да ставите и во било што друго, вашите чевли, на стариот душек и слично.
7. Стапица за мувите од овошјето
Во кујната, каде што има овошје, сосема нормално е да се појават мали ситни муви, кои знаат да бидат екстремно здодевни. Оваа едноставна стапица ќе ви помогне да се ослободите од нив: Поставете го овошјето во чинија или сад, покријте го со пластична фолија и направете мало дупче. Мувите ќе успеат да влезат, но не и да излезат.
8. Дупките на ѕидот може да ги прекриете со парче сапун
Земете мало парче од обичен бел сапун и со кружни движења, нанесете го на потребното место. Трагите од дупките ќе бидат скоро невозможни да се забележат.
9. Гумен стегач ќе го ограничи трошењето на течниот сапун
Со помош на гумен стегач, ќе успеете да го намалите и контролирате количеството на течен сапун што го трошите. Поставете го стегачот веднаш под неговата пумпа.
10. Лак за коса и гумена ракавица ќе ви помогнат да ги остраните влакната од мебелот, оставени од вашите миленици
Нанесете малку од спрејот за кога на гумената ракавица и така рачно пребришајте ги сите површини, каде вашите миленици ненамерно оставиле влакна.
11. Сунѓерите ја одржуваат свежината на зеленчуците на подолго време
Во садот во кој планирате да ги складирате овошјата и зеленчуците, едноставно на дното на истиот поставете обични сунѓери за миење садови. Тие ефикасно ќе ја апсорбираат влагата и мирисот, и ќе ја продолжат свежината на плодовите.
12. Картонската кутија од јајцата може да ви послужи како држач за шишиња
Овој трик е особено одличен за оние кои обожаваат да имаат повеќе видови сосови, кечапи и и мајонези во својот фрижидер.
13. Брусната хартија ги отстранува ситните топчиња што настануваат од самата ткаенина на облеката
Овој трик е многу брз начин да ја направите вашата облека да изгледа како нова.