Ужасен настан ја потресе Украина. На почетокот на овој месец, маж ја полеа својата сопруга со врела вода, а потоа избега, при што сè уште полицијата трага по истиот.

33-годишниот Димтири Межбицки по стореното ужасно дело, избегал од местото на настанот, а го очекуваат 15 години затвор поради обид за убиство. Неговата сопруга Анастасија се наоѓа во болница, а се соочува со сериозни изгореници по лицето, рацете и горните делови од телото.

Според изјавата на лекарите, нејзината здравствена состојба се подобрува и таа полека закрепнува, при што се очекува наскоро се очекува успешно да заврши престојот на интензивна нега.

Според полицискиот извештај, садистот ја нападнал неговата 28-годишна сопруга, додека таа спиела. Жената, која воедно е мајка на 2 деца, се разбудила поради неподносливата болка, додека напаѓачот го полевал нејзиното лице, а особено налевал вода во нејзината уста.

Прекрасната Украинка се обидела да избега, но напаѓачот ја престигнал во ходникот и остатокот од врелата вода го полеал врз нејзината коса.

Анастасија успеала да собере сили и да избега преку прозорецот, при што веднаш започнала да вреска и да моли за помош, а случајните минувачи веднаш повикале полиција и брза помош.

„Побегнав во ходникот, но тој ме фати. Трипати ме повлече за косата, а потоа полеа врз мене уште 4 литири врела вода. Излегов преку прозорецот и замолив еден млад човек да повика брза помош, а потоа се сокрив во грмушките и чекав.“- раскажува Анастасија.

Таа се соочува со изгореници кои зафатиле 25% од нејзиното тело, а веќе започнале да се собираат финансиски средства за нејзиното лекување, бидејќи таа е сиромашна и нема да може сама да си ги дозволи скапите термани потребни за заздравувањето. Анастасија е сирак и го има само својот брат.

Анастасија од бракот со Димтри има две деца (3 и 5 години), кои во моментот на нападот биле со нивната мајка. Нивната врска започнала совршено, се запознале додека младата Украинка студирала педагогија. По извесно време, започнале да живеат заедно, а подоцна го добиле и првото дете.

Но, за краток временски период, животот на Анастасија се претворил во пекол, со тоа што сопругот започнал физички да ја малтретира. Соседите велат дека тој често консумирал алкохол, а во последно време, неретко и дрога. Започнал да се однесува агресивно кон сите, но најмногу кон сопругата.