Свадба од бајките: Овој пар блесна на својата свадбена свеченост!
Невестата по име Интан Азахра и нејзиниот избраник Зенди Заен од Џакарта организираа свадбена церемонија во гламурозен стил налик на свечен бал. На позадината од местото каде тие ги пречекуваат гостите може да се забележи рачно изработена макета од замок, со сите автентични елементи како кули и кована ограда украсена со раскошни цветни детали.
Интан за време на свеченоста носела две раскошни венчаници, едната во светло розова боја, другата во црвена боја. Двата фустани се рачно изработени од страна на познатиот дизајнер Иван Ганвеј, направени од тул и илјадници бисери и светкава монистра. За да го доловат момент и двајцата во текот на вечерта настапуваат во слично издание.
Интан ја сподели својата романтична венчавка на својот профил на Инстаграм, по што доби честитки од над 200 илјади следбеници и повеќе од 170 илјади коментари со искрени честитки и воодушевување.