„Свекрва ми ги научи децата сами да го приготвуваат овој оброк, за што сум ѝ вечно благодарна“
Доколку досега не сте го пробале класичниот германски рецепт за палачинки, денес топло ви препорачуваме тоа да го направите и да ги изненадите вашите најмили.
За нивната подготовка потребни ви се едноставни 5 минути, а нивниот вкус ќе стане вистински хит во вашето семејство.
Класични палачинки на германски начин
Потребни состојки
- 8 супени лажици бело брашно
- 3 јајца
- 120 мл млеко
- 3 супени кажици растопен путер
- 1 супена лажица шеќер
- ¼ кафена лажица сол
Начин на подготовка
Загрејте ја рерната на температура до 230°C.
Во сад со средна големина, измешајте ги јајцата, млекото, растопениот путер, солта и шеќерот.
Додадете го и брашното и добро измешајте ги сите состојки заедно, додека смесата стане хомогена.
Една голема лажица растопен путер се додава во садот за печење. Следно додадете ја и приготвената смеса за палачинките и печете во претходно загреаната рерна за 12-18 минути или додека краевите на палачинките не добијат кафеаво-златна боја.
Германците претпочитаат овој вид на палачинки да ги сервираат и консумираат со сок од лимон и шеќер во прав. Но, по ваша желба, вкусното јадење може да го комбинирате со разно овошје, павлака, крем итн.
Пријатен апетит!