Светот остана без зборови: Преку магнетна резонанца е прикажано што се случува кога мајката ќе го бакне бебето
Раѓањето на бебето е голем настан во животот на речиси секој човек. Неврологот Ребека Сакс, користејќи ги своите познавања, реши на светот да му покаже како мозокот на бебето манифестира среќа и задоволство, кога неговата мајка ќе го бакне.
Историскиот момент е направен со помош на јадрено магнетна резонанца. Истата покажува како мозокот на 2-месечно бебе и на неговата мајка буквално се вцрвенуваат, кога мајката ќе го бакне своето дете.
Се активираат точно оние делови кои се одговорни за производството на хормонот на среќата.
„Бакнежот води до хемиска реакција во мозокот и ослободување на големо количество на од хормонот окситоцин, кои исто така предизвикува чувство на поврзаност и привлекувње. Бакнежот ослободува допамин, кој нè прави да се чувствуваме добро, како и ослободување на вазопресин“- објаснува Ребека, одговорна за овој уникатен експеримент.
На фотографијата јасно се гледа позитивната мозочна реакција и поврзаноста меѓу мајката и бебето.