Таа е прогласена за најубавата жена на светот за 2020-та година: Има 19 години и служи во армија
И покрај пандемијата и сите случувања, ниту 2020-та година не беше исклучок од традицијата да се избере најубава жена на светот за таа година. Станува збор за убавица на само 19-годишна возраст, која остави бројни актерки и манекенки зад себе како конкуренција, освојувајќи ја главната титула.
Запознајте ја Јаел Шелбија, од Израел, која сонува да биде актерка, која официјално беше изберена и прогласена за најубава жена на светот за 2020-та година, од страна на списанието TC Candler, кое ги избира најубавите жени и мажи на светот веќе последните 30 години.
Младата дама е особено препознатлива по нејзините впечатливи сини очи. Јавноста дозна за Шелбија откако девојката започна врска со 35-годишниот Брендон Кроф, внук на американскиот магнат Самнер Редстоун, но и заради прекршувањата на законите поради пандемијата кои Кроф ги направи за откако отпатува за Израел за да ја посети неговата избраничка.
Нејзин сон е да стане актерка, иако моментално служи во израелската армија.