Таа има 5 деца, милиони на сметка и мајка која работи на улица – Ова е приказната за руската Пепелашка
„Денес живеам сосема поинаков живот, во неверојатни услови, но кога и да се свртам кон минатото, сфаќам дека Русија ми даде нешто, кое не секој го има, а тоа е волјата секогаш да одам напред и да успеам!“
Вака раскажува рускиот супермодел Наталија Водјанова, која заработува милиони чекорејќи по светските модни писти и работејќи за едни од најпознатите модни куќи. Но, од друга страна, Лариса, мајката на супермоделот и понатаму продолжува да живее од продажбата на торти по улиците на рускиот град Велики Новогород.
И самата 38-годишна Наталија пред да биде откриена од модните агенти, кога имала 17 години, работела на пазар заедно со нејзината мајка, каде продавале овошје. Но, среќата се насмевнала на младата девојка и така денес, Наталија соработува со врвни брендови како Луј Витон и Келвин Клајн. Сепак и покрај успехот на нејзината ќерка, Лариса не сака да зависи од истата финансиски.
„Јас и мојата друга ќерка сакаме да им покажеме на останатите дека и сами може да постигнеме нешто, без ничија помош. Кога имаше 17 години, Наталија продаваше банани, кога сврзуваме крај со крај и тоа не е нешто од кој некој би требало да се срами.“ – вели Лариса.
Лариса има уште една ќерка која боледува од церебрална парализа и притоа открива дека Наталија е нивната најголема поддршка, но и дека манекенката разбира зошто нејзината мајка продолжува да го живее истиот начин на живот.
„Мајка ми ми е најголема инспирација, таа го живее животот следејќи го нејзиното срце, наместо да го прави она кое сите го велат. Таа ми е мотивација целиот мој живот.“ – раскажува Наталија.
Покрај професионалните успеси, Наталија во 2001-та година се омажи за британскиот аристократ Џастин Тревор Баркли Портман, со кој има 3 деца. По 1 деценија исполнета со бајковита љубов, парот реши да се раздели, а по разделбата, супермоделот започна врска со Антоан Арно, директор на луксузна компанија за облека, со кого манекената веќе има 2 деца.
И покрај тоа што Наталија денес ужива во вистински луксуз, таа вели дека никогаш нема да заборави од каде доаѓа.