Таа имаше 103 кг, а на свадбениот ден сите останаа без зборови од нејзината трансформација
Секој се справува со стресот на свој начин. Многумина консумираат алкохол и пушат цигари, а пак за други, нема подобар лек за депресијата од парче вкусна торта.
Токму храната била утеха за 24-годишната Хејли Смит, која целиот нејзин живот се справувала со стресот така што прекумерено консумирала храна. Мет, љубовта на нејзиниот живот, по завршувањето на образованието ја запросил Хејли, при што девојката едноставно била воодушевена, но откако ги своите фотографии од свршувачката, сфатила дека едноставно мора да ја преземе работата во свои раце, бидејќи повеќе не сака да изгледа така.
Таа толку се срамела од нејзиното тело, што одбивала да се дружи со пријателите во летните денови. Нејзината свадба била закажана за следната година и Хејли пред себе имала 356 дена предзвик да ја добие фигурата од соништата.
Најпрво таа направила промени во нејзината исхрана. Започнала најмногу да консумира овошје и зеленчук и целосно се откажала од грицките и десертите, што било многу тешко.
Потоа започнала со вежбање, односно утринско трчање, а подоцна започнала да практикува и други вежби. Како одминувало времето, од 1, Хејли започнала да вежба и тренира 5 дена во неделата.
Младата девојка успеала да симне неверојатни 50 килограми благодарение на физичката активност и здравата исхрана, но признава дека ништо тоа не би било возможно без поддршката на нејзиниот сакан.
На денот на нејзината свадба, пријателите, како и сите присутни гости едноставно останале без зборови. Хејли изгледала едноставно неверојатно прекрасно во нејзиниот свадбен ден, а со тоа им докажала на сите дека слабеењето е возможно доколку сме упорни!