Таа роди 4 близнаци на 65 години, покрај тоа што веќе имаше 13 деца. Еве како денес изгледа семејството
Германката Анегрет Раунинг реши да стане мајка на 65 години, а притоа таа веќе имаше 13 деца, на возраст од 10 до 44 години, а жената веќе има и 7 внуци.
За оваа нејзина доцна бременост, Анегрет одлучи да пристапи со вештачко оплодување, односно со ин-витро, за што лекарите беа против, земајќи ја во предвид нејзината возраст, која може да ги доведе и неа и бебето во опасност.
Но, Анегрет ниту за момент не се предомисли од нејзината одлука и ниту лекарите не успеаја да ја разубедат. Таа открива дека нејзината најмала, 10-годишна ќерка, едноставно посакала и мечтаела да има уште една сестричка или братче.
Но, Раунинг, која инаку по професија е наставничка, воопшто не очекуваше дека наместо на 1 дете, ќе стане мајка на дури 4 близнаци!
Со тоа, Анегрет влезе во Гинисовата на рекорди на највозрасната мајка, која родила 4 близнаци.
Денес, таа е среќна и исполнета со нејзиното големо семејство, за кое вели дека со задоволство се грижи, а нејзините повозрасни деца помагаат околу помалите близнаци колку што најмногу можат.