Таа тежи повеќе од 80 кг, а со помош на 5 итри трикови, успева да оформи тенка половина и секогаш да изгледа совршено
Запознајте ја Кристина Зиас, позитивна млада блогерка, која доаѓа од Лос Анџелес, која ги охрабрува жените ширум светот, докажувајќи им дека секоја од нив може да има совршени женствени пропорции.
Покрај повеќето блогерки, кои се трудат со бројни диети да изгледаат витко, на Кристина тоа ѝ успева со многу помалку труд.
Таа е вистински професионалец кога станува збор за правилниот избор на облека. Нејзината визија се состои од комбинирање на неколку техники истовремено, а резултатите се беспрекорен изглед и тенка половина, иако истата природно ја нема.
Во продолжение ви ги откриваме нејзините генијални модни трикови, со чија помош секогаш ќе изгледате како од модните писти, дури и кога некој килограм вишок ви стои на патот.
5 модни трикови за тенка половина и совршен изглед
1. Облекувајте се во контрастни бои
Оваа млада дама вешто знае да си поигра со контрастите. И за да ја истакне својата половина, притоа да ја направи да изгледа тенко и елегантно, таа избира комбинација која е доста контрастна во боите. Односно, секогаш горниот и долниот дел од комбинцијата треба да ви бидат во две спротивни нијанси. Еден дел, горниот или долниот треба да биде во црна или друга темна боја.
2. Избирајте облека со висок струк
Кристина ги обожава комбинациите со парчиња кои се карактеризираат со висок струк и вертикален ред од копчиња. Овој трик визулено ја издолжува силуетата на женското тело и ја истакнува и прави половината потенка.
3. Опуштена блуза + прав долен дел
Иако по правило опуштената облека уште повеќе визуелно ја зголемува фигурата и ја прави личноста да изгледа пополна, всушност постои еден начин како тоа да го направите правилно. Не се само боите оние кои треба да бидат контрастни, туку и самите стилови. Односно, изберете опуштен горен дел, а долниот дел треба да се состои од класични парчиња кои паѓаат надолу во права линија.
4. Квадратно деколте
Да и формата на деколтето исто така влијае врз визуелниот изглед на пропроциите. Квадратното деколте кое хоризонтално е право и пошироко, визуелно се проектира надолу по горниот дел од телото, правејќи го истиот да изгледа потесен. Доколку надолу изберете широки здолништа или панталони, односно и фустани со квадратно деколте кои надолу се рашируваат, ефектот ќе биде двојно поголем, т.е изгледот ќе биде уште посовршен, а половината ушоте потенка.
5. Краток горен дел + сако
Секој знае дека вистинското сако совршено го покрива делот под градите и вистински спас за дамите со неколку килограми вишок. Но, истовремено, кога го носите сакото, може истото да го искомбинират со краток горен дел и здолниште или панталони со висок струк, а тогаш половината ќе изгледа значително многу потенка.
Не заборавајте дека стомакот во ниту еден случај не треба да надвиснува над долниот дел.