Таа зеде пегла и салфетка и направи нешто навистина прекрасно
Пронаоѓање на начин како да го декорирате вашиот дом, без да потрошите многу пари, не е лесна задача. Но, следното видео ни покажува дека всушност е возможно и притоа многу лесно.
Декорирајте го вашиот дом со уникатни свеќи, кои сами може да ги подготвите. Потребни ќе ви бидат обични и големи, бели свеќи, како и украсни салфетки по ваш избор.
Внимателно одделете го украсниот слој од салфетката и завиткајте го околу свеќата, а потоа внимателно истиот израмнете го, користејќи ја пеглата.
Восокот ќе ги надополни малите несовршености и резултатот ќе биде прекрасен дом, чиј изглед е збогатен со креативни свеќи.