Тајландски фризерски салон ви нуди незаборавно искуство: Косата да ви ја средат вистински професионалци…додека се топлес
Фризерски салон во Тајланд го отвори својот втор салон на нова локација и по повод отварањето, смисли неверојатно брилијантна идеја како да го привлече вниманието на женската публика.
Салонот познат како “Сутерак” (анг. Sutteerak Hair Saloon) е лоциран во Чантанимит, во областа Чантабури, во Тајланд.
А “жешката” понуда на салонот се состоеше во едно незаборавно искуство и животна шанса- косата да ви ја средат вистински професионалци- машки модели додека се топлес.
За големото отварање, покрај оваа невообичаена, но дефинитивно генијална идеја, фризерскиот салон, на своите клиенти-членови им даде попуст од 10% со рок до 1 година.
Еве како изгледаше сето тоа: Дами, дали може подобро од ова?