Тајна група „бабички“ веќе три децении анонимно им помагаат на оние кои имаат потреба од помош
Девет жени посветиле три децении од својот живот да им помагаат на оние кои имаат потреба, но нивната операција била толку тивка што дури ни нивните сопрузи не знаеле што се случува.
Познати како „9-те Бабички“, групата ги поминувала ноќите тајно печејќи и доставувајќи стотици колачи во населбите со ниски примања во западен Тенеси, САД.
Откако нивната мисија за ноќта ќе биде завршена, деветте жени, сите на возраст од 54 до 72 години, се враќале на својот секојдневен живот со своите најблиски.
Една од вклучените жени, по име Мери Елен, објасни дека „9-те Бабички“ настанале во 70-тите години, кога жените биле собрани еден ден да играат карти.
Говорејќи за проектот во 2012 година, Елен изјави дека четири од жените се сеќаваат на своите баби и дедовци, Мамав и ПаПау, кои ги воспитале Мери Елен и уште тројца други, кога дошле до идејата.
Таа објасни:
Мамав Рут ќе прочиташе во весникот дека некој починал и ќе испратеше една од нејзините специјални торти. Таа не мораше да го познава семејството. Таа само сакаше да им стави насмевка на нивните лица. И почнавме да размислуваме што можеме ние да направиме за да придонесеме. Што ако имавме милион долари? Како би го потрошиле?
Една од жените им предложи на сите да почнат да шијат свои алишта и да ги заштедат парите за оние кои имаат потреба.
Тие започнале да издвојуваат околу 400 долари месечно а потоа оделе до локалната продавница за убавина или продавница за храна и барале луѓе на кои им е потребна помош. Кога ќе слушнеле за вдовица или самохрана мајка во неволја, тие анонимно плаќале сметка за комунални услуги или би купиле нова облека за децата.
Заедно, жените откриваат каде живее човекот во неволја и испраќаат пакет со писмо на кое пишува: „Некој те сака“.
Возиме низ населби со ниски примања и бараме домови со вентилатори на прозорецот. Тоа ни кажува дека луѓето што живеат таму немаат климатизација.
Или гледаме дека нема вклучено светло ноќе, што значи дека има големи шанси нивните комунални услуги да бидат исклучени. Потоа се враќаме пред да се појави сонцето и оставаме пакет со корисни работи.
„9-те Бабички“ не беа откриени повеќе од 30 години се додека еден ден сопругот на Елен не ја повика за да разговараат за дополнителна километража на автомобилот и големи количини на готовина што биле повлечени од нивната штедна книшка.
Жените признаа што прават, по што нивните сопрузи решија да се придружат во нивните напори, придружувајќи ги бабичките во возилото или запишувајќи адреси.