Тајната на совршено измиените прозорци се состои во овој едноставен домашен раствор
Во топлите сончеви денови, секоја дамка на прозорците станува значително видлива, поради што имаме тенденција истите да ги миеме и чистиме многу повеќе во текот на летната сезона.
Иако секој има сопствен начин на кој тоа го прави, повеќето ќе се согласат дека понекогаш е навистина невозможно да се добијат совршени резултати и покрај купечките средства за чистење.
Токму за оваа цел, денес ви откриваме едноставен рецепт за домашен раствор благодарение на кој вашите прозорци ќе беспрекорно ќе заблескаат.
Домашен раствор за совршено чисти прозорци
Потребни состојки
- 1 капаче омекнувач за алишта
- 100 мл топла вода
- 1 супена лажица глицерин
- Крпа
- Чистач за прозорци
Начин на подготовка и употреба
Во мал пластичен сад исипете го омекнувачот и разредете го со топла вода. Додадете глицерин кон добиениот раствор и добро измешајте ги сите состојки заедно.
Оставете го растворот да отстои 15 минути, а потоа со истиот измијте ги вашите прозорци. Доволно е да се нанесат само неколку капки од домашниот раствор. Се подразбира, пред истиот да го нанесете, избришајте ги прозорците со влажна крпа, за да се отстрани првичната нечистотија.