Тајниот син на принцот Чарлс и Камила ги праќа на суд, а им пишувал дури и на Меган и на Хари
Светот познава многу случаи во кои обичен просечен човек се обидел на разни начини да добие медиумско внимание. Еден од ваквите случаи денес е и Австралиецот Сајмон Дорант Деј, кој тврди дека принцот Чарлс и Камила се негови родители.
Човекот кој се претставува како нивен незаконски син, го обвинува кралскиот пар дека го оставиле како бебе. Според неговите зборови, Камила била бремена со него кога имала само 18 години и притоа кралицата Елизабета била онаа која наредила бебето да биде преместено надвор од Лондон и да биде дадено на посвојување.
„Баба ми цел живот ми повторуваше дека сум син на Чарлс и Камила. Токму тоа и сакам да го докажам.“- вели Сајмон, кој сега се обидува да го привлече вниманието и на младиот кралски пар, на Хари и Меган.
Според експертите, приказната на Сајмон има одредена вистина, бидејќи точно 18 години имала Камила, кога се запознала со принцот Чарлс. Сајмон настојува да направи ДНК и да ги докаже неговите тврдења. Но, истовремено бара и пари. Според него, поради неговиот кралски статус, тој досега 3 пати бил избркан од работа.
Не е јасно дали Сајмон навистина е син на кралскиот пар, но едно е сигурно, тој цврсто верува во она што го зборува.