Денешниот психолошки тест кој ви го подготвивме може да биде навистина збунувачки за одредени луѓе, но прашањето е многу едноставно.

Дали го гледате лицето на мажот од напред или во профил, на фотографијата подолу?

Одговори:

1. Доколку го гледате лицето на мажот од напред

Вие сте апсолутно чесен и искрен човек, што означува дека речиси секогаш го зборувате она што навистина го мислите. Обожавате постојано да запознавате нови луѓе, а вашите пријатели ве гледаат како отворена личност, но можеби понекогаш малку сакате и да ги контролирате луѓето околу вас.

Вашите најдобри квалитети: Имате добра интуиција, брзо ги анализирате и проценувате луѓето и не дозволувате никој да ве манипулира.

2. Доколку го гледате лицето на мажот од профил

Доколку го забележавте прво лицето на мажот од профилна страна, тоа означува дека вие сте личноста која често избегнува директен контакт во очи. Важите за умерен човек, кој во исто време е срамежлив, но добро знаете дека оваа вашата карактеристика не ви е од никаква полза.

Вашиот најголем недостаток е тоа што имате потешкотии при запознавањето на нови луѓе, бидејќи воопшто не обожавате да сте во центарот на вниманието. Го ограничувате вашиот социјален живот на многу мал круг на пријатели, за кој претпочитате да е можеби тесен, но искрен.

Вообичаено имате многу добри идеи, само треба повеќе да верувате во себеси!