Овој тест е изработен од психолози, експерти од визуелната област и притоа истиот ќе ви помогне да откриете каква мајка навистина сте.

Погледнете ја следната фотографија и изберете ја фигурата, која најмногу ви го привлекува вниманието, а значењето на вашиот одговор следува веднаш под истата.

Одговори

Фигура бр. 1

Вие сте грижлива мајка, полна со знаење, која точно знае како да го употреби својот авторитет, како за разрешување на семејните конфликти, така и за поставување на секој член на своето место. Вашето мото е подобро да спречите одредена ситуација, отколку да жалите и затоа сте и еден вид експерт за давање совети. Но, истовремено потребно е да ја намалите контролата врз вашите деца, за да останете во добри односи за цел живот.

Фигура бр. 2

Вие сметате дека нема подобри деца од вашите, на овој свет. Спремни сте бескрајно да ги истакнувате и фалите нивните таленти. Важите за упорна и смела жена, но истовремено и за нежна мајка. Имате само една желба: Вашите деца да ги искористат своите способности и да успеат многу во животот, на секое поле.

Фигура бр. 3

Според вас идеалната мајка треба да е следната: Да не му дозволува на своето дете да се опушти и секогаш да биде активно. Но, ваквата прекумерена заштита може да го попречи детето да ги оствари своите цели, па затоа најдобро е на своите деца да им ја дадете и потребната доза на слобода, за да бидат целосно среќни.

Фигура бр. 4

Воспитувањето на едно дете е пропратено со многу предизвици и за да истото помине во најдобар и мирен ред, е неопходно секој родител да поседува одредено знаење. Токму од ова вие имате потреба. Претпочитате вечерите да ги претворате во семинари, за да им одржите лекции на вашите деца како најдобро да живеат и затоа децата ги обожаваат вашите совети. Но, од друга страна, често сте зафатени и заборавате дека животот има и емоционална страна.

Фигура бр. 5

Вие сте жив пример за идеална мајка и жена: Непоколеблива, самоуверена, која никогаш не се жали од животот. Секојдневието ви е исполнето со работни и семејни обврски, а воедно сте храбри и исполнети со хумор, па токму поради ова важите за неверојатна мајка и пријателка. И се подразбира, до ваква фантастична мајка, секогаш стои и супер татко.

Фигура бр. 6

Жените кои ја избираат оваа фигура, претпочитаат повеќе да се забавуваат, што не целосно се вклопува во родителската улога. Но, тоа не значи дека станува збор за лоша мајка, туку едноставно за жена која ја обожава својата слобода, па понекогаш има потешкотии да направи баланс меѓу мајчинските обврски и животот како независна жена.