ТЕСТ: Изберете пита и откријте што нејзината форма кажува за вашиот карактер
Експертите веруваат дека постои директна поврзаност помеѓу нечиј ум и неговата потсвест. На овој принцип функционира и оваа умствена сложувалка- Дури и обичниот избор на една пита не е случајност.
Спротивно од тоа, вашата потсвест ја донела одлуката, а тоа може да открие многу за вас, а изберената фотографија е многу повеќе од парче храна, тоа всушност открива сокриен дел од вашиот карактер.
Нека забавниот тест започне!
Погледнете ја фотографијата. Која пита ја забележавте прва? Подолу пронајдете го одговорот за вашиот избор.
1. Круг
Вие сте експерт за интелектуално размислување и вистински аналитичар. Постојано размислувате „надвор од кутијата“, а тоа ви помага да ги донесете најдобрите одлуки. Не сакате да трошите време на безначајни работи и секогаш работите ги правите на најефикасниот можен начин. Феноменални сте и имате решение за секој и сечиј проблем. Практична личност сте и кај вас секогаш сè е „под конец“.
2.Петаголник
Важите за соло играч. Не сакате да ги споделувате вашите чувства, но многу добро знаете да ги процените останатите и нивните емоции и мисли. Многумина ви имаат кажано дека имате неверојатна интуиција, а таа ваша способност со текот на годините веќе ве направила професионалец во забележување на деталите и работите кои никој друг не може да ги види. Смирена и опуштена личност сте.
3. Многуаголник
Вие сте исклучително креативна и иновативна личност, која го обожава животот и претпочита да ужива најдобро што може во истиот. Голем ентузијаст сте и сакате да бидете во центарот на вниманието. Одличен соговорник сте. Всушност, имат способност да разговарате со секој и на било која тема. За вас, чашата е полупразна, туку виното веќе се прелева од неа.
4. Ѕвезда
Вие сте роден лидер. Обожавате да се предизвикувате самите себе и никогаш не прифаќате „не“ за одговор. Не ви пречи да решавате проблеми, па дури и кога станува збор за туѓите проблеми. Всушност, за вас решавањето на проблемите е како вежба за умот. Сакате сè да биде под ваша контрола и би биле одличен менаџер во областа на бизнисот.
5. Срце
Имате фантастични социјални и комуникациски вештини и токму поради тоа, луѓето ве обожаваат. Обожавата да се грижите за останатите, а воедно секогаш го имате најдобриот совет за проблемите на вашите пријатели. Исклучително лојална личност сте, која секогаш им дава поддршка на останатите. По секоја цена, секогаш се обидувате да ги избегнете конфликтите, понекогаш дури жртвувајќи ги и вашите чувства.