ТЕСТ: Изберете прстен кој најмногу ви се допаѓа и откријте каква жена навистина сте
Велат дека дијамантите се најдобрите пријатели на една жена, но според експертите, прстените уште повеќе и подобро ги претставуваат дамите.
Следниот интересен и краток психолошки тест, при кој е потребно да го изберете прстенот кој најмногу ви се допаѓа, ќе открие каква жена навистина сте:
Одговори
Прстен бр. 1
Вие сте носител на дива енергија, притоа сте опкружени со луѓе кои неверојатно многу ве обожаваат и ви се восхитуваат на самодовербата и карактерот. Лесно може да ја стекнете довербата на останатите. Одредени луѓе ви завидуваат, но вие тоа не можете да го забележите, бидејќи сте зафатени со уживање и живеење на сопствениот живот.
Прстен бр. 2
Вие сте женствена, верна и обожавате да фантазирате. Имате огромно срце и прекрасен карактер, поради што секогаш може да сметате на вашите пријатели, кои неизмерно ве сакаат. Секогаш успевате да го свртите вниманието кон вас, каде и да отидете, бидејќи изгледате фантастично. Знаете како да го освоите машкото срце и секогаш успевате во тоа.
Прстен бр. 3
Вие ја претпочитате елеганцијата и сте дама во вистинска смисла на зборот, бидејќи вашиот моден вкус и стил се едноставно чудесни. Секој ви се восхитува и секогаш сте првата личност која пријателите ја бараат кога им е потребен совет.
Имате способност да ги согледате нештата кои останатите не можат да ги забележат и поседувате супер инстинкт, при што ретко кој може да ве излаже.
Прстен бр. 4
Вие сте скромна, весела и секогаш оптимистична. Имате многу пријатели и умеете да го цените сечиј став. Имате неверојатна меморија и секогаш на прво место ги оставате останатите, а не себеси. Затоа, потребно е да знаете дека некогаш е во ред да се грижите само за себе.
Прстен бр. 5
Вие сте жена исполнета со љубов. Го обожавате животот, љубовта, работата, патувањето, а најмногу од сè обожавате да бидете вљубени. Се вљубувате лесно и брзо и често сте повредени, бидејќи неретко го избирате погрешниот човек. Исклучително сте благодарни на сите работи во вашиот живот, а токму таа енергија ве штити од негативните сили.
Прстен бр. 6
Вие сте кралица! Вие сте исхрена не само со луѓето околу вас, но и кон самата себе. Знаете како да ги привлечете луѓето. Лојални сте и знаете да цените, при што секогаш наоѓате време за вашите најблиски и пријателите. Но, бидете внимателни, понекогаш вашата искреност може да повреди некого.