ТЕСТ: Избери ја твојата должина на коса – Еве што открива тоа за тебе
Должината на косата може значително да го промени надворешниот изглед на жената. Но, колку дами се одлучуваат да направат драстична промена? Или каква е вашата должина на косата?
Токму преку следниот забавен тест, прочитајте што тоа открива за вас. Значењето на вашиот одговор може да го пронајдете веднаш под фотографијата.
Одговори:
1. Кратка коса
Кратка коса е често одраз на храброст, па најчесто ја избираат жените кои имаат висока самодоверба. Исто така, жените кои имаат кратка коса, се многу комуникативни, пријатни и лесно склопуваат нови пријателства. Тие ги решаваат проблемите на мирен начин и во професијата се истакнуваат со нивната интелигенција.
2. Коса над рамената
Косата со должина над рамената е избор на чесните и бестрашни дами, кои не ја поднесуваат рутината, сакаат да искусат нови работи и немаат комплекси. Тие неверојатно добро го балансираат личниот и професионалниот живот.
3. Коса до рамената
Овој тип на должина најчесто го избираат елегантните дами со многу префинет и женствен вкус. Оваа фризура ја избираат и оние кои сакаат да бидат во центарот на вниманието. За нив исто така пријателите се секогаш на прво место.
4. Долга коса
Жените со долга коса имаат неверојатни соништа и не дозволуваат никој и ништо да ги спречи до патот кон остварување на истите. Жените со долга коса бараат долготрајна врска и се подготвени да вложат многу труд, но исто така се пребирливи при изборот на партнерот.