Како што сите ние знаеме, гестикулациите и говорот на нашето тело, честопати ги разоткриваат нашите вистински намери, дури и без ние да сакаме. Нашата потсвест се манифестира на многу интересни физички начини.

Дури и начинот на кој седиме, ги разоткрива нашите намери и тајни на нашиот карактер, според тврдењата на психолозите.

Токму ваков е и нашиот денешен тест. Едноставно изберете го начинот на кој седите од долу понудените. Значењето на вашиот одговор може да го пронајдете веднаш под фотографијата.

Одговори:

A

Сметате дека со претераното размислување, проблемите ќе исчезнат, но и самите знаете дека ова е далеку од најдобриот начин. Комуникацијата со вас е лесна, бидејќи сте интересни и креативни, но од време на време не размислувате пред да кажете нешто, што може да ги повреди останатите.

В

Вие сте сонувач со висока самодоверба и затоа секогаш сте полни со нови и генијални идеи, нешто поради што останатите ви се воодушевуваат. Обожавате да патувате и да создавате нови пријателства и никогаш не се плашите да почнете од почеток, од нула.

С

За вас, удобноста е најважна. Без разлика дали станува збор кога купувате нешто или планирате одмор, вие секогаш го правите правилниот избор, бидејќи знаете точно што сакате. Сакате сето да е совршено, што до одреден степен ве прави и многу пребирливи.

D

Не сакате да доцните и оваа навика не ја сакате ниту кај останатите. Многу сте интелигентни и секогаш сакате да напредувате. Не ги сакате караниците, а воедно се чувствувате непријатно да изразувате емоции во јавност, бидејќи за вас и бакнежот е нешто многу интимно.

Е

Никогаш не брзате и вашиот став е дека за сите работи едноставно е потребно време. Упорни сте, не се откажувате додека не ја постигнете вашата цел. Надворешниот изглед за вас е една од најважните работи и за истиот сте спремни да вложите неверојатно огромен труд, за да секогаш изгледате совршено.