Тест кој ќе Ви открие нешто ново за Вашиот карактер: Која од овие работи во домаќинството најмногу мразите да ја извршувате?
Постојат многу домашни задачи кои што за некого претставуваат задоволство а за некого кошмар. Сепак на некој начин сме „приморани“ да ги извршуваме. Одберете која од надачите најмногу мразите да ја ивршувате и ќе дознаете нешто повеќе за Вашиот карактер и начин на живот. Што најмногу мразите да правите Вие?
1. Мразите да ја чистите кантата за отпадоци
Вие сте под стрес
Само личност под стрес би ја издржала непријатната миризба од кантата за отпадоци. Време е да се запрашате што е тоа што Ве мачи. Одвојте време за одмор и релаксација.
2. Мразите да ја чистите бањата
Вие сте спонтани
Вие не можете да ги сфатите луѓето кои не можат да живеат без планови. Да можеби бањата не Ви е баш пријатна за гледање, но вие имате многу поважни работи на ум.
3. Мразите да го уредувате плакарот
Вие сте оптимист
Кога се менува годишното време се менува и облеката во плакарот. Но вие не го правите тоа. Дали знаете зошто? Бидејќи секогаш во плакарот ќе најдете облека за која мислите дека е погодна за секоја сезона.
4. Мразите да миете садови
Вие сте уметнички настроени
Вие одлично готвите. Вашите јадења изгледаат прекрасно и сакате да потрошите и по неколку часа за да ги подготвите но не сакате да го трошите времето да ги измиите валканите садови.
5. Мразите да бришете прашина
Вие сте реалист
Прашината е како даноците и смртта- нема да се ослободите од нив. Тогаш зошто да трошите време на тоа кога на крајот пак таа ќе победи.