Секој од нас љубовта ја перцепира на различен начин, бидејќи за самото моќно чувство постојат различни дефиниции. Токму ваков е и нашиот денешен тест, поврзан со љубовното поле.

Добро погледнете ја следната фотографија и одлучете. Кој пар е вистински среќниот според вас?

Значењето на вашиот одговор може да го пронајдете веднаш под фотографијата.

Одговори:

Пар бр. 1

Вие сте личност која верува дека и двајцата партнери во една врска мора подеднакво да вложат труд, доколку сакаат да бидат среќни. Вие сте независни, а за вас врската значи квалитетно поминато време. Кога врската ќе биде сериозна, таа станува важен дел од вашиот живот и кога сте вистински вљубени, истата е исполнета со неверојатна страст.

Пар бр. 2

Вие сте личноста која важи за безнадежен романтичар, кој секогаш верува во љубов како од филмовите. Чувствувате дека секој од партнерите треба да има единствена цел да го усреќува другиот и токму кога сте сакани, вие едноставно блескате. Воедно, секогаш сакате светот да види колку сте среќни во вашата врска и на сите да ја покажете вашата љубов. Сепак, бидете внимателни кога го правите ова.

Пар бр. 3

Вашата врска се карактеризира со чистота и убавина. Кога сте сакани, вие може да напредувате и да се развивате значително многу, бидејќи знаете дека ја имате поддршката и силата од вашиот партнер. Истовремено, на истиот секогаш се трудите да му ја дадете слободата, што ве прави неверојатни зрели во љубовта.