ТЕСТ: Кој од паровите е навистина среќен?
Внимателно погледнете ја следната фотографија, добро размислете и обидете се да одговорите на прашањето, кој пар е најсреќен, според вас, а токму вашиот одговор ќе открие каква е вашата љубовна врска со моменталниот партнер.
Значењето на вашиот одговор може да го пронајдете веднаш под фотографијата.
Одговори:
Пар бр. 1
Вашата врска е полна со неверојатна страст. Вам не ви е важно да објавувате фотографии со вашиот партнер на социјалните мрежи или на сите да раскажувате за вашата врска, бидејќи туѓото мислење воопшто не ви е приоритет.. За вас најважен е вашиот избор – да живеете во реалниот свет, со партнерот сега во моментот!
Пар бр. 2
Вие обожавате да ја истакнувате вашата врска, како во реалниот живот, така и на социјалните мрежи. Ова се должи на фактот што вие сте навистина многу вљубени и едноставно сакате цел свет тоа да го знае. Но, бидете внимателни, не треба секој да знае за секој ваш нов чекор во врската меѓу вас и вашиот партнер.
Пар. 3
Имате сериозна и зрела врска каде постои целосна доверба меѓу вас и вашиот партнер и добро знаете дека туѓото мислење не треба да ви биде важно. Ја цените приватноста и не сакате да се експонирате. Живеете во сегашноста, но исто така сакате да правите планови за иднината. Љубовта кон вашиот партнер е огромна и сакате да изградите заеднички семеен живот.