Понекогаш е доволно само да се погледне поставеноста на рацете, за да се разбере каква намера има личноста. Говорот на телото и гестовите се најстариот облик на комуницирање.

Токму во оваа насока е и следниот забавен тест кој го подготвивме за вас. Набљудувајќи ги трите жени, дали може да откриете која жена е подготвена веднаш да започне.

Одговорите  може да ги пронајдете веднаш под фотографијата.

Одговори:

Жена бр.1

Вие сте експерт и секогаш знаете да ги прочитате луѓето. Прекрстените раце и тупаниците најлесно го откриваат лутото расположение на личноста, која е подготвена веднаш да започне караница.

Жена бр. 2

Доколку ја избравте оваа жена, тоа значи дека сепак ви недостасува искуство и не можете во целост да ги разберете луѓето само по говорот на телото. Со нејзината поставеност, наместо лутина, оваа жена открива дека се сомнева во себе и во своите квалитети.

Луѓето кои имаат создадени трауми или комплекси од детството и општо од минатото, се склони вака да ги поставуваат рацете.

Жена бр. 3

Не, ниту оваа жена не наликува приближно на некој кој е лут и подготовен да започне караница. Оваа поставеност на рацете е една од најчестите во секојдневието, но најчесто луѓето ја користат не кога се лути, туку всушност кога се несигурни и кога се критикувани за нешто.